На задоволство на сите ТВ гледачи, телевизија 24 Вести од пред неколку дена е достапна и преку Вип ТВ Лајт (Vip TV Lite), претходно попозната како Бум тв.
Со ова дополнување на Вип ТВ Лајт, 24 вести станува присутна на сите кабелски и дигитални платформи во Македонија со што станува достапна до сите домаќинства во земјава.
24 Вести ќе ја најдете на Вип тв Лајт, со едноставно прескенирање на каналите, односно ресетирање на уредите кои ви ги овозможува оваа платформа.
Приклучувањето на 24 вести на Вип тв лајт, доаѓа во време на освежување на програмската шема на телевизијата од содржински и визуелен аспект, што треба да донесе нова енергија на медиумскиот информативен пазар во Република Македонија.