Магазинот InStore во соработка со Nielsen Audience Measurement ја објави анализата на огласувањето по сектори во периодот од 01.11.2012 д0 31.10.2013 год. во македонските ТВ станици, со посебен осврт на огласувањето во сектор Козметички производи.
Во продолжение ќе Ви ја претставиме табелата на вкупниот огласувачки пазар по сектори а потоа и преглед на најогласуваните категории и под-категории производи од секторот “Козметички производи“.
Наредниов период ќе направиме преглед и на најголемите огласувачи во секторот козметика во Македонија и соседните земји.
ТВ станици кои се земени во предвид во истражувањето се следниве : МТВ1, „Сител“, „Канал 5“, „Алсат-М“, „Телма“, „Алфа“, „Сител 3“, „Канал 5+“, МТВ2, МРТ, „24 вести“ и ЕРА.
• Целна група тотал 4+.
• Период: 01.11.2012 – 31.10.2013 година, 24 часа од понеделник до недела.
• Број на инсталирани пиплметри: 560 во 400 домаќинства.
Варијабли во анализата се EQ GRP 30 на целната група тотал 4+ и нивниот удел.
– GRP (Gross rating point) е збир на рејтингот од секој индивидуален спот.
– EQ GRP или 30 секунди GRP е еднакво на GRP, што би се остварил кога должината на спотот би изнесувала 30 секунди.
Секој производ има посебна целна група, а за да може да се направи споредлива анализа потребно е за цела категорија да се избере една целна група. Тоа во овој случај е целната група тотал 4+.
Резултатите би биле поинакви, кога, на пример, би ја анализирале групата жени на возраст од 18 до 49 години.
Најпрво да го погледнеме огласувањето по сектори на целиот пазар:
Од табелата погоре може да се заклучи дека секторот “Прехрамбени производи и безалкохолни пијалаци“ е најголема група огласувачи во Македонија учествувајќи со 22% од целиот пазар, додека групата “Политичко огласување и хуманитарни акции“ има удел од 16% (да се потсетиме и дека во анализираниот период се оддржа локалните избори во Македонија).
Групата Козметички производи што е разгледувана со посебен интерес во истражувањето е присутна со 79,540 Eq.GRP или 7% од вкупниот пазар.
Во однос на тоа кои категории козметички производи се најприсутни на ТВ екраните, од табелата подолу можеме да видиме дека убедливо предничи козметиката за коса, значително повеќе од дезодорансите и прафемите и козметиката за капење.
Табелата пак на поткатегории изгледа вака:
Шампоните за коса се најогласувана поткатегорија и претставуваат 22% од целокупното огласување во секторот на козметички производи. Втора најогласувана поткатегорија козметички производи се Боите за коси.