Твитер во вторникот објави дека можеби да искористил кориснички податоци за персонализирани реклами без нивно одобрување заради проблемот со поставките.
Како што соопшти социјалната мрежа, забележани биле проблеми во кои изборот на поставките на корисниците можеби не функционирал како што било предвидено. Одредени податоци за корисниците, како што е кодот на државата, можеби биле споделени со партнери за рекламирање од мај 2018 година, дури и ако корисниците не дале дозвола за тоа.
Корисничките податоци се моќна алатка за компаниите кои ги користат при одлучувањето за пласирање реклами, истакнување содржини и за тоа кои потрошувачи би можеле да бидат заинтересирани за определен производ.
Големите технолошки компании се под надзор на регулаторите ширум светот поради практиките за споделување податоци.
„Имавте доверба во нас да направите ваш сопствен избор, а ние ве изневеривме“, објави Твитер на својата веб-страница, извинувајќи се и ветувајќи дека ќе преземе чекори за да не се случи „грешката“ повторно.