Потврдата стигна директно од Твитер, со појаснување како од неодамна го промениле пристапот, па сега рекламите ги гледаат сите корисници на таа социјална мрежа.
Веста која први ја објавија CNBC се докажа дека е точна. Твитер навистина некое време им прикажувал повеќе реклами на корисниците со помал број на следбеници, како би ги направил попопуларни и ги поттикне да продолжат со користење на оваа платформа.
Потврдата стигна директно од Твитер, со појаснување како од неодамна го промениле пристапот, па сега рекламите ги гледаат сите корисници на оваа социјална мрежа. Затоа и попопуларните ќе можат почесто да ги гледаат, но некои меѓу нив тоа гозабележале и се пожалиле.
Новата мерка доаѓа како последица на послабата заработка од реклами, за што компанијата ги обвинува проблемите со огласувањето на производите и “алармантно лошата пракса на управување со податоци. “
По правило, Твитер бара дозвола од корисниците да споделат информации за видот на уредот со кој пристапуваат, нивната Wi-Fi врска и нивниот оперативен систем. Сепак, поставките што биле одговорни за контролирање на овие податоци не функционирале правилно, па затоа кај огласувачите завршиле и податоци кои не биле наменети за нив.
Во меѓувреме проблемот е решен, со што негативно се одразило на фирмата, бидејќи огласувачите не можеле да ги употребуваат рекламите како што би им одговарало на нив со цел таргетирано огласување.
Во Твитер работат на долгорочно решавање на овој голем проблем.