Мексиканскиот бренд на пиво Victoria лансираше нова кампања насловена “Tu Victoria está aquí” („Вашата Победа е тука!“), со која ја слави културата на мексиканската заедница во САД.
Централниот спот на кампањата претставува колаж од снимки, луѓе и животни приказни кои раскажуваат за своето искуство како Мексиканци во САД. Во првиот дел на спотот, тие се фокусираат на тешкотиите со кои се соочиле нивните родители или самите тие како имигранти или деца на имигранти. Дел од нив зборуваат и за дискриминацијата која ја искусиле во повеќе наврати, чувствувајќи се како странци во сопствената држава во која се родени.
Меѓутоа, вториот дел од спотот е триумфален, славејќи ги напорите на мексиканската заедница во САД за зачувување и негување на сопствената култура, истакнувајќи ја гордоста на сопственото наследство. Дополнително, спотот ја слави истрајноста и успехот на бројни членови на заедницата кои успеале да се наметнат како врвни професионалци во разни сфери од животот, придонесувајќи за благосостојната на нивната заедница и нивната заедничка држава – САД.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Ogilvy Chicago, која за оваа кампања ги здружила своите колеги од мексиканско и хиспанско потекло од неколку канцеларии во мрежата на Ogilvy – од Чикаго, Лос Анџелес, Мајами и Вашингтон.