Пронаоѓачот на вебот Тим Бернерс-Ли предупредува дека губењето на контрола над сопствените податоци, ширењето лажни вести и непостоењето на регулација во врска со политичкото огласување, се трите најголеми закани со кои денес се соочува интернетот.
Луѓето повеќе се грижат за онлајн ширење на дезинформации и чинично ширење на лажни вести како брзо би заработиле – од огласување до софистицирани политички кампањи. Социјалните мрежи покажуваат содржина за која мислат дека им се допаѓа на луѓето, што значи дека се објавуваат дезинформации или лажни вести кои се шокантни, изненадувачки и создадени да бидат во склад со предрасудите на корисниците.
Со помош на владеење со падатоците и “војска на ботови“, оние кои имаат лоши намери можат да наметнат систем кој шири дезинформации за нечија финансиска и политичка корист. Тука е и проблемот на крадење на податоците – луѓето даваат лични податоци кога се пријавуваат на одредени страници.
„Додека нашите податоци се држат на посебни места, скриени од нас, губиме контрола над нив. Често немаме никаков начин да одредиме кои податоци не сакаме да ги споделиме, посебно на трети страни“ напоменува Бернерс-Ли.
Ризиците се уште поголеми во државите со авторитарни режими, каде што колаборацијата на власта и големите компании ги доведува до ризик животите на граѓаните. Бернерс-Ли тврди дека софистицираното модерно огласување е ризик за демократијата. Се појавија твдења дека некои политички огласи во САД и во светот се користат на неетички начин, за да ги насочат гласачите на лажни вести или да ги обесхрабрат воопшто да се појават на гласачките места.
„Целното огласување им овозможува на политичките кампањи да испратат потполно различни, но и конфликтни пораки на различни групи. Дали е тоа демократски?“ прашува тој.
Постои една заедничка работа за секој од трите негативни трендови – моќта на огромните информативни компании, како што се Фејбук и Гугл. Бидејќи над нив не постои надзор, може да се има влијание на граѓанското општество.
Затоа Бернерс-Ли предлага поттикнување на приватните компании наместо огласување, како начин на финансирање да користат претплата и микроисплати. Тој предлага и поголема „алгоритамска транспарентност“ за луѓето да разберат како се донесуваат важни одлуки кои влијаат на нивните животи.
„Сите ние го изградивме инернетот каков што го имаме денес“ вели пронаоѓачот на вебот и порачува дека „сега од нас зависи дали сакаме да изградиме интернет каков што сакаме, за секој“.