Пред само неколку години кога Jonathan Simpson-Bint CRO на Twitch ќе се појавеше на состанок со агенции и адвертајзери многумина неговите напори ги гледаа со сомнеж…
“Толку многу луѓе се активни на Twitch? Мораш да се шегуваш со нас….’’ – oва беше најчестата реакција со која се соочував,” зборува Simpson-Bint, кој го основа Twitch од 2011 година, само три години пред Amazon да ја купи социјалната гејминг платформа, а воедно и платформа за емитување во живо за $1 милијарда. “Сеуште ме воодушевува, на платформата сум активен веќе 5 години. Верувам дека платформата достигна до точкаа кога корисниците веќе добро ја разбираат’’.
Twitch во просек има повеќе од 100 милиони прегледи месечно. Иако дневно бележи околу 10 милиони активни корисници, тие вообичаено ја посетуваат платформата околу два пати дневно и трошат во просек 111 минути дневно гледајќи содржини.
Она што го прави Twitch атрактивен за адвертајзерите е тоа што платформата го привлекува вниманието на половина од миленијалните момчиња од Америка- што истовремено покрај благодет е и пречка затоа што миленијалните момчиња се публика која се почесто користи блокатори за реклами.
Во ноември, Twitch направи увертира за сегашните и потенцијалните клиенти за реклами со проширувањето на SureStream, рекламно решение кое ги прикачува рекламите директно во потоци, блокира рекламни блокатори од трети партии и обезбедува подобар плејбек на реклами.
Иако Simpson-Bint не окрива кои се цените за блокирање на рекламите на Twitch, тој изјави дека публиката добро го прифаќа SureStream.”Доколку корисниците бараат искуство без вклучени реклами, секогаш може да креираат свој Twitch Prime налог.
ПУБЛИКА
Публиката на Twitch, генерално е многу свесна за вредноста која ја добива со користењето на сервисот . Тоа е затоа што добивката од рекламите се споделува со емитувачите, а корисниците се лојални на креаторите на своите омилени стриминзи.
“Тешко е за фановите да бидат лути на емитувачот на рекламата која трае само 30 секунди а која за него е начин за опстанок на пазарот’’. Емитувачите имаат контрола над рекламите кои ќе ги емитуваат, како и врз менаџирањето на рекламите кои ќе се објавуваат на нивните канали.
“Станува збор за интересен социо-економски експеримент,” изјави Simpson-Bint. “ Повеќе реклами значат повеќе пари, но во исто време се и ризик за помалку прегледи со текот на времето. Фирмите кои се рекламираат потребно е да го разберат степенот на толерантност на сопствената публика.’’
Twitch сеуште не им овозможува на фирмите кои се рекламираат, пристап до податоците на Amazon. Twitch sales.org комплетно е одделен од Amazon. “ Вредноста која сакаме да ја постигнеме се однесува на обезбедувањето на вистински добар квалитет,” се зборовите на Simpson-Bint.
Околу 90% од волуменот за реклами на Twitch се продава директно со помош на посветениот тим за напредни медиумски услуги (Advanced Media Services) кој креира решенија за својата рекламна база обезбедувајќи трошоци за инсталиција на производ за девелопери на мобилни игри и трошоци по аквизиција – производ кој е наменет за компании како Netflix и Hulu.
Иако стримингот за игри е основата на Twitch, корисниците на сервисот го користат не само за игри што всушност беше и неговата примарна намена туку и за користењето на каналите за готвење, за креативните содржини низ кои се прикажува креирање на скулптури, правење на накит, пишување.. постојат дури и канали за ‘’социјално јадење’’.
“Секое искуство може да се емитува, откривме дека доколку им дозволиме нешто, луѓето тоа и ќе го прават. Долго време условите на нашите услуги овозможуваа корисниците да емитуваат содржини од игрите, направивме мали промени и секоја промена е добро прифатена од страна на нашата публика’’- изјави основачот на компанијата.
‘’Outside The Box’’ пристап
Адвертајзерите секогаш можат да постигнат најдобри резултати кога објавуваат нешто што е креирано само за Twitch заедницата, каде приходите од рекламите во најголем дел доаѓаат од прилагодени решенија и кампањи.
Добар пример за ова е USA Network, која стана партнер на Twitch во 2015 со цел да ја лансира првата сезона на ТВ серијалот Mr. Robot.
USA Network “го хакира” емитувањето во живо на Twitch на саемот Electronic Entertainment Expo, најголемиот саем на индустријата за игри со своите мистериозни пораки со цел да го тестира своето ново шоу со сосема нов пристап, притоа симулирајќи фикцина заедница за хакирање чија мисија е да избрише повеќе од $100,000 потрошувачки долгови што во основа е дел од приказаната поврзана со шоуто Mr. Robot. Во текот на наредните 72 часа корисниците на Twitch кои биле дел од публиката од емитувањето во живо можеа да пронајдат кодови за вредни парични награди.
На овој начин платформата делуваше во улога на консултатнт за брендот со цел да му помогне да развие нешто автентично и нешто во кој секој би имал свој удел.
Во делот на мобилниот интерфејс, Twitch конечно е во фаза на премин од десктоп кон развој на бизнис за мобилни апликации. Публиката на Twitch генерално инсталира апликации со игри што е одличен извор за монетизација. Поголемиот број на мобилни реклами се продаваат на основа на трошок по инсталација на компании за мобилни игри.
Twitch не ја занемарува големината на својата мобилна публика, компанијата сега нуди и апликации за iOS и Android како и за платформи за PS4 и Xbox.
За самите креатори на платформата најважно е искуството кое го имаат корисниците на платформата (гледачите и емитувачите на содржините). Целта е тие да го добијат најдоброто можно искуство на секоја платформа и да имаат можност да го следат Twitch без разлика каде и да се , без разлика која и направа да ја користат без разлика дали станува збор за Тв уред, лаптоп или iPhone.”…