Vine нема да биде бесконечна ‘’јамка’’ за Twitter :)
Точно пред 4 години Twitter го купи Vine за $ 30 милиони, но нивната врска во оваа последна година комплетно избледи. Преку блог-пост, Twitter откри дека е во тек затворање на оваа видео апликација во следните неколку недели.
Корисниците ќе бидат во можност да пристапат и да ги преземат своите ‘’Vines”, Сајтот сеуште ќе биде активен затоа што од Twitter веруваат дека сеуште е важно да се биде во можност да се видат сите неверојатни видеа кои биле направени. Притоа секој корисник ќе биде известен пред да бидат направени било какви измени на апликацијата или веб-сајтот.”
Колку долго ќе ‘’живеат’’ видеата на веб-сајтот на Vine сеуште не се знае точно, но создавање на шест секундни видео клипови од мобилен, веќе е запрено и не функционира. Ова е прилично изненадувачки потег на Twitter.
Веќе беше познато дека Vine се бори да го задржи вниманието на пазарот. Тоа се должи на неспособноста да се натпреварува со Instagram и Snapchat за вниманието на ‘’Y и Z’’ генерациите, иако повеќето од индустријата очекуваа апликацијата да преживее во 2017 година.
Кога Instagram додаде видео во 2013 година, тоа се сметаше за голем удар на Vine . Растот на Snapchat само дополнително ги оштети шансите за долгорочен успех на Vine.
Vine сепак ‘’ќе замине во историјта’’ како важна апликација во еволуцијата на мобилните видео содржини која успеваше да привлече повеќе од 200 милиони месечни корисници.