Генералниот маркетинг директор на Twitter Лесли Берланд ја откри најновата адвертајзинг кампања на социјалната мрежа, истакнувајќи дека компанијата сака да ги расчисти сите недоразбирања околу тоа за што е таа наменета.
Не е тајна дека Twitter се мачи да ја зголемува својата корисничка база во изминатите неколку години, но во соопштението кое беше објавено деновиве, Берланд, која беше назначена како CMO во Јануари, изјави дека нејзиниот тим “превзема чекори за да објасни за што сме и што отсекогаш сме биле.”
Така, микроблогинг сајтот објави серија на видеа и дигитални реклами со силен фокус врз ‘ударни вести’, спортски и настани во живо.
“Twitter е она каде што одите за да видите што се случува насекаде во светот во даден момент. Од најнови вести и забава до спорт и политика – од големи настани до секојдневни интереси со сиот коментар во живо кој го прави Twitter уникатен,” објасни Берланд.
See what’s happening: https://t.co/ChbWRrSJyKhttps://t.co/r9AZd9rzI3
— Twitter (@twitter) July 25, 2016
“Видете што се случува” (“See What’s Happening”) спотовите се резултат на истражувањата спроведени од Twitter кои открија дека иако 90% од луѓето го препознаваат брендот, многумина всушност не се сигурни за што точно се работи. Некои одговориле дека не се премногу самоуверени за создавањето на профил бидејќи мислат дека ќе треба да ‘твитаат’ секој ден, а немаат што многу да кажат, додека пак други одговориле дека примарната функција на Twitter е поврзување со пријателите и семејството.
Twitter имаше проблем со маркетингот на својот основен производ во пресрет на растот на конкуренцијата како Instagram, Snapchat и други. На почетокот од годината, старо-новиот Генерален директор Џек Дорси изјави дека компанијата се фокусирала на “развивање на поцврста гледна точка во врска со тоа што сме и што сакаме да бидеме.”
Обновениот фокус врз вести беше навестен со лансирањето на помошната трендинг-платформа Moments во втората половина на 2015, а пред само неколку месеци ја промени својата класификација во рамки на Apple App Store – од ‘социјална мрежа’ во ‘вести’.
Новата кампања дополнително го зацврстува ова позиционирање, при што Берланд додаде: “Ние исто така претставуваме и нов изглед и чувство во нашиот маркетинг кои ќе ги одразуваат луѓето од сите страни на светот кои го прават Twitter тоа што е, нагласувајќи ја разноликоста и експресивноста во сето свое шаренило и динамичност. Се’ што се случува на Twitter е за нив и со нетрпение очекуваме да продолжиме да ја раскажува нашата приказна и нивната.”