Социјалната мрежа Twitter ја сумира 2020 година преку традиционалната библорд кампања за крај на годината, во која направи избор на дел од најхумористичните твитови кои ја опишуваат годината што изминува и ги постави на билборди на различни локации низ градот Њујорк.
Кампањата на постери и билборди има за цел да покаже како Твитер ги поврзува луѓето од светот дури и во најтешките моменти на глобална криза, ставајќи насмевка на нивните лица.
„2020 треба да застане и да ме остави да се симнам… ќе си пешачам“, „Преминува од 2019 на 2021 – не ја познаваме оваа година“, „Прво правило за 2021 – не зборувај за 2020“, „Пред да се согласам на 2021 треба да прочитам договор за правила и услови“ – се само дел од твитовите кои се најдоа на билбордите низ Њујорк.
„Во светло на сè што се случи оваа година, ние сме возбудени што го засилуваме хуморот и лежерноста што луѓето ги донесоа на Твитер. Ова се твитовите што не поврзаа и воздигнаа, и се надеваме дека луѓето ќе ни се придружат во прославата на крајот на 2020 година“, истакна маркетинг директорот на Твитер, Робин Тилота, по повод новата кампања.