Социјалните мрежи секогаш предлагаат луѓе кои би можеле да ги познавате и да се поврзете со нив, но Твитер се одлучи за еден необичен експеримент …
Твитер постојано експериментира со новитети и тестира потенцијални нови опции со кои би се подобрило искуството на користење на оваа социјална мрежа и би се овозможило прикажување на содржина која на корисниците ќе им биде поинтересна и попривлечна. Постојат многу промени кои ги вовеле во текот на годините: твитовите повеќе не се прикажуваат по хронолошки редослед, додаден е делот со најважните обајви кои корисниците ги пропуштиле додека не ја користеле оваа мрежа, зголемен е бројот на знаци итн., а една од опциите кои неодамна ја тестираа е особено интересна.
Имено, во последните неколку дена дел од корисниците на Твитер забележаа дека оваа мрежа, освен препораки кои корисниците би можеле да ги следат, започна да препорачува и кои корисниците би можеле да престанат да ги следат. Ова е неочекувана опција, бидејќи, додека Фејсбук, на пример, секогаш вели дека нивната цел е поврзување на корисниците, Твитер им помага на корисниците да престанат да ги следат луѓето кои барем според нивниот алгоритам, не се интересни.
На прашањето на новинарите од оваа компанија го потврдија тестирањето на оваа опција, која според Твитер, треба да помогне во создавањето на timeline кој ќе им биде важен и на кој ќе се прикажуваат само оние информации кои се важни за нив.
Од компанијата истакнуваат дека овој тест бил достапен за многу мал број на корисници и дека тие сакаат да видат дали овие корисници навистина престанале да ги следат профилите кои им биле предложени и врз основа на овие информации во иднина, оваа опција би можело да им биде достапна за сите корисници. Дали ова навистина ќе се случи, сеуште не е познато, како што не е познато дали Твитер повторно ќе ја тестира оваа опција кај поголем број на корисници.