После скандалот во Хонг Конг, кога официјални државни медиуми плаќаа реклами на Фејсбук и Твитер, а во кои се навредуваат демонстрантите и им се испраќаат закани, социјалната мрежа Твитер одлучи да сврти нов лист
Твитер веќе не прифаќа платени реклами, ниту спонзорирана содржина од државни медиуми или државни медиумски служби. Ова пред се` се однесува на кинескиот Ксинг Хуа, рускиот РТ и индиската ИЦИ.
”Ја обновуваме нашата рекламна политика која се однесува на државните медиуми. Отсега веќе нема да прифаќаме рекламирање на медиумски организации кои се под контрола на државата“, истакнуваат од компанијата.
Исто така, Твитер размислува да ги укине профилите на новинарите што ја користат оваа социјална мрежа за ширење државна пропаганда. Илјадници налози се укинати од почетокот на годината во Турција, Филипините, Тајланд и Русија поради ширење омраза и таргетирање на поединци.
Сепак, не е јасно дали овие нови правила ќе важат за сите државни медиуми – англискиот ББС или американски НПР и ПБС. Засега, ќе бидат исклучени медиумите кои се делумно финансирани од донации на гледачи или кои имаат комерцијална улога.