Twitter претстави ново искуство за гледање на сите ембедирани видеа, GIF-ови и Vine-ови. Овие rich media креативи сега со методот на autoplay автоматски ќе се прикажуваат на корисничките тајмлајни, најпрвин на iOS и веб прелистувачите, а од почетокот на јули и на Android.
Кога корисникот скрола низ тајмлајнот и ќе наиде на видео, содржината автоматски ќе се пушти, без аудио, со што не се нарушува корисничкото искуство. Со клик на видеото ќе се отвори приказ на цел екран со звук, продолжувајќи со видеото. Можностите за ритвитување, фејвнување или коментирање на видеото се достапни во секој момент.
Покрај оваа новост, видеата ќе се појавуваат во поголем, централен, формат на тајмлајните. За време на тестирањето забележано е дека корисниците стапуваат во интеракција со видеата со значително поголема стапка, ефективно зголемувајќи ги стапките на прегледаност на содржината, што на крај резултира со намалена цена по преглед за огласувачите и зголемена стапка на сеќавање на видеото од страна на потрошувачите (video recall).
Промовирање на квалитет и доверба: нов стандард за изгледаност на видеа
Како и со преостанатите огласни продукти, Twitter се погрижи дека промовираните видеа ќе продолжат да испорачуваат одличен ефект, високи стапки на интеракција и значајни прегледувања за огласните партнери. Поради ова, воведен е нов стандард за тоа како ќе бидат собирани метриките, креирани извештаите и ќе се наплаќа за видео огласите, обезбедувајќи целосна транспарентност во процесот.
За еден преглед на видео на Twitter да биде наплатен, потребно ќе биде видеото да биде 100% видливо на корисничкиот екран најмалку 3 секунди, обезбедувајќи пренесување на пораката.
Според Ron Amram, Senior Media Director за Heineken USA „прегледите на видеата се еден од клучните двигатели кои влијаат на ефективноста и повратокот на инвестициите за било која кампања.“
Во идниот период е планирана соработка со повеќе партнери за верификација кои ќе внесат дополнително ниво на сигурност и ќе потврдат дека видео содржината стигнува до вистинскиот гледач пренесувајќи ја вистинската порака. Ова е особено важно кога се дискутира за мерење на ефективноста на мобилни уреди. Twitter активно дискутира со Nielsen и Moat за партнерство при мерењето и осигурување целосна транспарентност за ефективноста на нивните маркетинг напори на оваа социјална мрежа.
Autoplay – одлично искуство за корисниците и брендовите
Twitter постојано тестира нови начини да овозможи подобро искуство за потрошувачите, брендовите и медиумите. За време на екстензивните тестови со autoplay методот, забележано е дека на корисниците им се допаѓа новиот пристап, кој генерира повеќе прегледи и интеракции за огласувачите:
- Корисниците 2.5 пати повеќе преферираат autoplay видеа споредено со другите методи (click-to-play и video preview thumbnails).
- Забележана е поголема стапка на сеќавање на видео пораката со autoplay, т.е значителен раст од 14% споредено со другите видео формати.
- Кај брендовите кои користеле autoplay забележано е седумкратно зголемување на целосните прегледи на промовираните видеа.
Twitter прави многу за да го подобри процесот на пронаоѓање и гледање на видеа, се со цел подобрување на корисничкото искуство и зголемување на шансите на брендовите за прегледи на нивната видео содржина. Со воведувањето на autoplay видеа, Twitter е најважната платформа за маркетерите кои сакаат да ја споделат и дистрибуираат својата квалитетна видео содржина со светот.
За да дознаете повеќе за огласувањето на Twitter, контактирајте ги Httpool, партнерот на Twitter за продажба на огласи во Македонија .