Твитер претстави нов интерактивен адвертајзинг фромат кој ќе го носи името Conversational ads. Со него, огласувачите ќе можат да комбинираат видеа, анкети и хаштагови, а корисниците ќе имаат можност да споделуваат спонзорирани публикации со персонализирана порака.
Од Twitter велат дека новиот формат “ќе ја направи итеракцијата помеѓу брендовите и потрошувачите многу полесна и ќе помогне во дополнителното ширење на кампањите”, бидејќи новите реклами ќе ги покануваат луѓето да ги споделуваат.
Целта на микроблогинг платформата е потрошувачите да ги ретвитаат рекламните пораки со помош на т.н. call to action button. На тој начин, новиот формат може да биде дури поуспешен и од досегашните промовирани твитови или хаштагови.
Помеѓу првите брендови кои го тестираат Conversational ads, се Samsung и телевизискиот канал Lifetime, но од двете компании се’ уште не го објавиле резултатите од кампањите.