Изминатиот Петок, Твитер претстави неколку подобрувања на корисничкиот панел наменет за брендовите и нов систем под називот “Personas“, кој им овозможува на брендовите да прават подетална сегментација на своите целни групи наредниот пат кога ќе ја користат оваа социјална мрежа за огласување.
Како што објавија на својот блог, Твитер заедно со своите партнери во овој проект Datalogix и Acxiom ќе понуди вредни информации за демографијата на корисниците, нивните интереси, нивните купувачки навики и друго што ќе им овозможи на брендовите да бидат уште поефикасни во изборот на целните групи.
Системот наречен “Personas“ (“Личности“) , ќе понуди дополнителен insight за релевантни групи на корисници и ќе овозможи нивно таргетирање со само неколку клика.
Дополнително, со новата опција Campaign Insights , се овозможува подобро разбирање на публиката до која досега Вашата адвертајзинг кампања. Преку View audience insights може да се добијат информации за “платената публика“ и потоа овие информации да се искористат како би се оптимизирала огласувачката порака и содржината која се споделува. Овозможено е и прегледно споредување на публиката до која “се досега“ (reached audience) и корисниците кои активно се вклучени во интеракција со содржината (engaged audience).