Pint & Periscope се месечна серија каде може да се види персоналот на Twitter и нивно интервју во живо со дел од членовите од креативна агенција за комуникација. Идеата е луѓето да се едуцираат за потенцијалот на Periscope, како платформа за градење на брендот и водич на приходи, додека платформата сеуште е во експериментална фаза.
Прв интервјуиран беше Дејвид Левин (David Levin), креативниот директор на агенцијата, кој кажа: “Луѓето сеуште гребат по површината во однос на начините на кои можеме да го користиме Periscope“. Значи, треба да навлезат подлабоко за да ги откријат сите негови функционалности.
Periscope е одличен за стекнување голема публика, вклучувајќи ги креативците, бидејќи е во живо и е на социјален медиум кој нуди огромни можности за креативност и испробување на нешто поразлично.
Предноста на Periscope пред конкурентите е тоа што обезбедува интерактивност во поглед на дизајн. Корисниците на Twitter може да поставуваат прашања и да коментираат веднаш под снимката која тече во живо.
Хелен Лоренс, директор на Twitter, Англиската креативна агенција кажа за “The Drum“ дека нивната иднина зависи од видеата снимени во живо, директно во Periscope TV шоу, презентирано како игра во која има актори кои глумат во живо, или спортски настани, или ударни вести, каде компаниите за социјални медиуми ќе мора да ги испочитуваат радиодифузните права.
“За мене ова е нешто навистина интересно и креативно, и сигурна сум дека брендовите ќе започнат да го користат” кажа таа.
Лоренс исто така, наведе дека граѓанското новинарство како област може да доживее раст и напредок со користење на Periscope , бидејќи “Твитер отсекогаш бил место каде луѓето споделуваат ударни вести “. И поради тоа тој доби друга димензија која придонесе за демократизација на медиумите.