Според најновите гласини, компанијата Твитер наскоро на својата друштвена мрежа ќе престане да ги вбројува фотографиите и линковите во ограничувањето од 140 карактери.
Благодарение на оваа промена, корисниците од сега ќе можат да пишуваат подолги пораки. Промената би можела да стапи на сила во рок од две недели, пишува порталот bloomberg.com.
Линковите на Твитер моментално завземаат 23 карактери, дури и кога мрежата автоматски ќе ги скрати.
Во март оваа година, извршниот директор на компанијата Џек Дорси, ги демантираше гласините дека Твитер ќе го зголеми бројот на знаците кои можат да се напишат во една порака. Тој во таа прилика изјави дека Твитер ќе го задржи постоечкиот број на карактери, односно границата од 140 знаци.
Меѓутоа, Дорси не го исклучи постоењето на другите начини со помош на кои би било можно да се додаде во твитовите повеќе текст.