Со својот пристап на привремени објави, Snapchat го промени развојниот тек на социјалните мрежи. Откако Инстаграм и Фејсбук пред некоја година имплементираа слична опција со 24-часовни објави во форма на „Приказни“ (“Stories”), а пред два месеци истото го стори (хехе :)) и LinkedIn, сега на ред дојде и Twitter.
Платформат за кратки пораки го објави лансирањето на опцијата “Fleets”, со која корисниците ќе можат да постираат твитови со текст, линк, единечна фотографија, видео или анимација, кои ќе траат само 24-часа. Истото ќе може да се прави и со ретвитови. Таканаречените „флитови“ ќе се појавуваат на врвот од профилите на корисниците и ќе бидат видливи за нивните следбеници, кои на привремените објави ќе можат да одговараат со директна порака или емотикон.
Доколку некој корисник сака да објави „флит“, тоа ќе може да го стори преку кликање на својата профилни слика во Твитер апликацијата, па потоа “View Fleets”. Споделувањето на други твитови како „флитови“ ќе може да се оствари преки ликање на иконата “Share” и потоа “Share in Fleet”.
Според Твитер, одлуката за воведување на привремени твитови била направена со цел да се охрабрат корисниците да споделуваат повеќе спонтани содржини без да се грижат дали тие објави „ќе им се вратат“ во иднина.
„Наместо да твитаат, луѓето само тивко следат или демнат на платформата. Гледаме луѓе кои прават нацрти на твитови, но никогаш не ги испраќаат,“ посочува Џошуа Херис, директор за дизајн во Твитер, кој додава дека со воведувањето на “Fleets” ќе се создаде амбиент на „низок притисок“ за луѓето да се вклучат во дискусијата.
That thing you didn’t Tweet but wanted to but didn’t but got so close but then were like nah.
We have a place for that now—Fleets!
Rolling out to everyone starting today. pic.twitter.com/auQAHXZMfH
— Twitter (@Twitter) November 17, 2020