Социјалната мрежа Twitter започна јавно да тестира нов интерфејс за попрегледно следење на долгите дискусии. Новиот интерфејс првично ќе им се појавува на дел од корисниците на iOS и Web верзиите на социјалната платформа.
Како дел од овој нов интерфејс, репликите и контра-репликите во различни дискусии ќе бидат меѓусебно поврзани со линии, сé со цел полесно читање и следење на разгранувањето на дикусијата и тоа кој корисник на кого му реплицира.
Your conversations are the 💙 of Twitter, so we’re testing ways to make them easier to read and follow.
Some of you on iOS and web will see a new layout for replies with lines and indentations that make it clearer who is talking to whom and to fit more of the convo in one view. pic.twitter.com/sB2y09fG9t
— Twitter Support (@TwitterSupport) May 5, 2020
Функцијата за прв пат беше тестирана минатата година на прототипната бета-апликација twttr и претставува надоградување врз ажурирањата на iOS-верзијата во јануари.
Покрај новиот интерфејс, од Twitter посочија дека исто така експериментираат со дифолтно прикривање на иконите за “Like”, “Retweet” и “Reply” кај одговорите кон оригинални твитови, што треба да овозможи поголем простор за прикажување повеќе одговори на екранот.