Twitter започна со бета тестирање на промовирани твитови и видеа за ‘одлогираната’ верзија на платформата (луѓе кои ги следат твитовите – но не се регистрирани на Твитер), овозможувајќи им на огласувачите нов начин за водење на кампањи за поголема публика од нормалната база на корисници.
Како продолжение на проширената можност за ad syndication објавена порано годинава, Twitter – кој привлекува 500 милиони месечни посетители кои не се регистрирани корисници – ја истражува можноста за употреба на функцијата во поддржување на кампањи кои предизвикуваат повеќе кликови, разговори и видео прегледи.
“Со овозможувањето на маркетерите да можат да ги реализираат своите кампањи за целосната Twitter публика, тие ќе можат да стапат во контакт со повеќе луѓе во нови места користејќи го истото таргетирање, креатива и алатки за мерење”, напиша Дипак Рао, Revenue Project Manager на Twitter, во еден блог пост. “Маркетерите сега ќе можат да ги максимизираат можностите кои ги имаат за поврзување со публиката.”
Постојат три примарни начина како луѓето можат да пристапат до гостинската верзија на Twitter: пребарување, споделени линкови (кога некој корисник ќе испрати твит до некој кој не е корисник) и дистрибутивната мрежа на Twitter (твитови кои се појавуваат на други места на интернетот како оние вметнати во статии или веб сајтови).
Оваа година, Twitter работеше на градење на база на следачи надвор од своите активни корисници. Во октомври, го лансираше Twitter Moments, со кој им овозможи на посетителите кои не се логирани да можат да читаат одбрани твитови поврзани со важни настани.
За сега, промовираните твитови и видеа ќе се појавуваат само на профил-страни и tweet-detail страни на десктоп верзијата на сајтот. Етапното ширење ќе започне со одбрани огласувачи во САД, Обединетото Кралство, Јапонија и Австралија.