При своето најново ажурирање, Twitter ги лансираше “Twitter Shops” – онлајн продавници преку кои корисниците, инфлуенсерите и брендовите ќе можат да продаваат и купуваат.
Опцијата ќе биде бесплатна за користење, при што „трговците“ ќе можат да составуваат колекција од 50 производи за прикажување на нивните Твитер профили, давајќи им можност на корисниците да ги прелистуваат и купуваат тие производи без воопшто да ја напуштаат апликацијата.
По кликнувањето на профилот на некој „трговец“ на Twitter Shops, на врвот од нивниот „времеплов“ ќе стои копчето „View Shop“, со чие кликнување ќе се појават производите.
Проектот е во фаза на бета-тестирање, така што засега функцијата ќе биде достапна само за избрани корисници во САД. Постепено, таа може да се проширува низ светот, но сé уште нема јасен временски план за таква работа.
Во моментов, први „трговци“ на платформата се @Verizon, @LatinxInPower, @ArdenCove, @GayPrideApp и @AllIDoIsCookUS.