Социјалната мрежа Twitter соопшти дека го проширува тестирањето на копче за “downvote” – изразување на негативно мислење и несогласување со некоја објава или коментар.
По позитивниот фидбек добиен од помалите пробни тестирања минатата година, опцијата сега ќе биде достапна за сите корисниците на глобално ниво.
Употребата на ова копче ќе им овозможи на корисниците да дадат свој фидбек во однос на содржините кои не им се допаѓаат и не сакаат да ги гледаат во својот времеплов.
Бројот на „downvotes“ нема да биде видлив за јавноста, а само корисникот ќе може да ја види својата историја на „downvotes“.
Од првичните тестови, Твитер заклучиле дека корисниците најмногу го користеле копчето во однос на содржини кои биле „перцепирани како навредливи, или бидејќи биле перцепирани како нерелевантни, или и двете“.
„Луѓето кои ја тестираа опцијата за downvote се согласуваат дека таа го подобрува квалитетот на разговорите на Твитер. Возбудени сме да видиме што другите мислат за неа, сега откако таа е достапна за повеќето од вас“ – посочуваат од компанијата.