Во завршната сесија на Самитот на Vanity Fair, извршниот директор на Uber Travis Kalanick изјави дека апликацијата сега веќе брои повеќе од 40 милиони месечни корисници кои плаќаат во просек по 50 $ за услугите за возачи на компанијата.
Тоа е околу 6 милијарди $ по квартал, што е околу $ 1 милијарда долари повеќе во резервации од оние кои им се пријавени на акционерите за вториот изминат квартал. Растот на Uber оваа година е неверојатен: А кон крајот на август, Блумберг изјави дека технолошката компанијата бележи 3,8 милијарди $ во резервации за време на Q1. Значи во два квартала, резервациите се зголемиле за неверојатни 58 проценти.
Kalanick ја откри најновата статистика за време на интервјуто со уредникот на Vanity Fair -Graydon Carter. Во прилог, извршниот директор изјави дека возачите на Uber направиле помеѓу $ 1,5 милијарди и $ 2 во изминатиот месец и 20 проценти од заработката на глобално ниво сега доаѓа од функција UberPool-на кој им овозможува на возачите да ги поделат трошоците на возење во такси.
Во однос на зголемените инвестиции на Uber во автономни возила, апликацијата тестира неколку пилот проекти во Сан Франциско и во Питсбург, тестирајќи технологија за автоматско возење која што деновиве се соочува со засилена конкуренција која доаѓа од Apple, Google и други компании кои испробуваат слични технологии.
“Кога ќе започнете со автоматизација, и започнете со авто-возење на нашите патишта, ќе забележите дека патиштата на многу начини наликуваат на кардиоваскуларниот систем за градот, а со автoматизацијата вие само ќе го направи многу поефикасен тој кардиоваскуларен систем”, изјави Kalanick. “Со овие автомобили, и со авто-возењето , компанијата ја трансформиравме во компанија за роботика. Затоа, мислам дека ние сме на самиот почеток во фази кога полека стануваме компанија за роботика.“
Kalanick исто така зборуваше за менување на логото на брендот од икона во форма на буквата У во форма на круг со квадрат во средина кое изгледа како копче, а на тоа Carter се пошегува дека “изгледа како фармацевтскo” лого.
“Ние добивме толку многу негативни коментари”, објаснува Kalanick. “Ние од ова лансирање на нови услуги во два града успеавме да се проширивме низ 400, 500 градови низ светот во околу 70 земји.
Новото лого е само знак дека компанијата опфаќа нови поголеми и пошироки размери”