Сервисот за достава на храна Uber Eats го објави своето најново продолжение на кампањата “Bring It” наменета за британскиот пазар.
Се работи за три нови реклами во кои доставувачот на Uber Eats презема улога на „мотивациски тренер“, во три различни ситуации: заморени канцелариски работници во доцните ноќни часови, поразени спортски фанови и мамурни пријатели.
Во трите хумористични спотови, доставувачот влегува во „потиштениот“ амбиент, ја „чита“ собата и преку „моќен“ мотивациски говор го буди ентузијазмот кај луѓето во исчекување на вкусен оброк од некој од големите ресторани за брза храна.
Спотовите се наменети за емитување на телевизија, а покрај нив, кампањата вклучува уште и out-of-home реклами и различни онлајн активности.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Mother и продукциската куќа Arts & Sciences.