За време на светиот месец Рамазан, голем број муслимани ширум светот практицираат пост од изгрејсонце до зајдисонце, а потоа се собираат за заедничка вечера позната како ифтар. Меѓутоа, со оглед на условеноста на точното време на зајдисонцето од географската позиционираност на некое место, така и точното време на прекин на постот е различно за секое место во светот и секој нареден ден.
Поаѓајќи од ова сознание, сервисот за достава на храна Uber Eats лансираше нова кампања за британскиот пазар која се состои од динамични дигитални билборди кои го покажуваат точното време на почетокот на ифтар во секој поголем британски град посебно со секој изминат ден, а сé со цел исламските верници во тоа населено место да знаат точно кога да ги направат своите нарачки на храна.
Па така, на пример, зајдисонцето, а со тоа и прекинот на постот на 23 март во Лондон се случило во 18:21 часот, додека пак во Глазгов – во 18:43 часот.
Притоа, секој билборд, покрај точното време на зајдисонце за тоа место и тој ден, на слика прикажува некое од традиционалните оброци или прехрамбени состојки кои се карактеристични за ифтарските вечери меѓу британската исламска заедница – како на пример лубеница, фатуш, шиш и урми.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Mother London.