Учесниците на овогодишното издание на Cannes Lions кои одбрале да стигнат до фестивалот преку најблискиот аеродром во Ница беа пречекани со принт реклами кои ги потсетуваат на опасностите од сексуалното вознемирување.
Агенцијата која стои позади кампањата е Lucky Generals, додека пак нејзин иницијатор е организацијата timeTo од Обединетото Кралство со поддршка на Advertising Association и National Advertising Benevolent Society.
Принт рекламите укажуваат на потенцијални разговори на сексуално вознемирување со кои можат да се соочат жените на фестивалот. Како на пример „Ајде да прославиме / цела ноќ / и да поделиме такси / назад до мојот хотел / соба / таму ќе зборуваме за промоции.“ Друга гласи: „Добредојдовте во Кан / бидете внимателни да не се изгорите / јас можам да ви ставам малку крема за сончање на грбот / и од напред / не се срамете“.
Пораките се поделени со коси црти со цел да се илустрира слоганот на кампањата “Where do you draw the line?” („Каде ќе ја повлечете линијата?“).
Организацијата која стои позади креативниот фестивал Cannes Lions, Ascential, ја изрази својата поддршка за кампањата. Еден од основачите на Lucky Generals и timeTo, Хелена Калкрафт, ќе биде и еден од говорниците на фестивлаот.
„Знаеме дека алкохолот, ноќните настани и патувањето далеку од дома носат висок ризик. Cannes Lions е уникатен момент во индустријата каде го гледаме најдоброто од креативноста, но и случаи на многу лошо однесување. Сите треба да размислат каде ќе ја повлечат линијата,“ истакна Хелена Калкрафт во соопштение по повод кампањата.