Десеттото, јубилејно издание на регионалниот форум на комуникациски лидери – IZAZOV 2024 ќе се одржи на 23 и 24 април во Белград, под генерално покровителство на агенцијата smartpoint adria. Слоганот на овогодинешниот форум е „Istina je IZAZOV“ („Вистината е ПРЕДИЗВИК“).
Организаторите од Marketing mreža сакаа овогодинешниот форум IZAZOV да биде поразличен, уште поинтерактивен, но освен вмрежување и деловно поврзување на компаниите и агенциите, ќе добие уште една цел, а тоа е заедничка и континуирана работа на подобрување и развој на индустријата и пазарот.
Во рамки на форумот оваа година ќе се формираат работни групи кои ќе се занимаваат со теми во фокусот на нашата професија во моментов – ESG и одржливо деловно работење; Брендирање на работодавачи и привлекување таленти; Електронска трговија и дигитализација на пазарот и TikTok и унапредување на соработката со инфлуенсерите.
Работните групи ќе се состојат од 5 до 7 експерти од компании и агенции, кои заедно ќе подготват насоки и препораки со примери на добра практика и ќе го споделат своето знаење и искуство со другите учесници на пазарот.
На форумот IZAZOV ќе бидат отворени јавни дискусии за темите кои обработени од работните групи, а по настанот ќе биде објавен документ со насоки и препораки во конкретната област.
Целта е проектот да биде долгорочен и форумот IZAZOV секоја година да направи пресек на сработеното во претходната година, но и да отвора нови теми во согласност со потребите на струката.
Зошто треба да се приклучите на некоја од работните групи?
Ова е идеална можност да се промовирате себе и вашата компанија/агенција како лидери во одредена област, да се поврзете со експерти од истата област, но и да дадете здружен придонес кон развојот на пазарот и индустријата.
Апликациите за учество во работните групи се отворени до 27 февруари, а вашето CV со назнака за која работна група сте заинтересирани можете да го испратите на електронската адреса: hello@marketingmreza.rs
Организаторот го задржува правото да ги избере тимовите кои ќе ги сочинуваат работните групи за 2024 година по завршувањето на конкурсот. Поради ограничениот број на членови на тимот по работна група, за жал, нема да можат да учествуваат сите заинтересирани страни, но сите ќе можат да придонесат и активно да учествуваат во јавната дискусија во рамките на форумот IZAZOV 2024.