IAB Европа ги повикува професионалците од подрачјето на огласувањето, да го пополнат анкетниот прашалник за програмскто огласување. Целта на истражувањето Programmatic Advertising Survey е приказ на состојбата и односот спрема програмското огласување како од гледиште на огласувачите, така и од гледиште на понудувачите на огласните услуги.
Огласувачите, агенциите и издавачите ќе можат анкетата да ја пополнат до 22 април. Оние кои тоа ќе го направат до 8 април, ќе учествуваат во извлекувањето за котизација за Interact 2016 кој ќе се одржи на 11 и 12 мај во Лисабон.
Анкетата е на располагање овде.
Резултатите од минатогодишното истражување можете да ги поглаеднете овде.