Брзиот развој на дигиталните технологии ги менува речиси сите аспекти од современиот живот – од економијата и културата до нашите секојдневни задачи. За креаторите на содржини, онлајн средината обезбедува постојано растечка публика, но со неа доаѓа и постојано растечка одговорност.
Како одговор на тоа, Центарот за побезбеден интернет на Бугарија и телекомуникацискиот оператор А1 го создадоа „Училиштето за одговорни инфлуенсери“. Новата кампања има цел да ја подигне свеста кај инфлуенсерите и креаторите на содржини за важноста на одговорното однесување во онлајн сферата, да ја нагласи потребата од препознавање и пријавување на несоодветни содржини и да го поттикне создавањето на вредна и позитивна онлајн содржина.
Централниот спот на кампањата претставува субверзија на училишната атмосфера, каде неодговорните инфлуенсери ги учат децата на сосем погрешни работи. „Во дигиталниот свет, инфлуенсерите се повеќе од само познати лица. Децата ги следат. Тие им веруваат. Тие ги претвораат во модели на однесување.“ – стои во описот на краткиот филм.
Како дел од кампањата ќе се реализира едукативна програма со серија онлајн курсеви за влијанието на социјалните медиуми врз децата, за која може да аплицираат сите заинтересирани инфлуенсери. Оние кои ќе ја комплетираат програмата на „училиштето за инфлуенсери“ ќе добијат дипломи и онлајн значки дека се „Safefluencers“ т.е. безбедни инфлуенсери.
Повеќе информации за иницијативата можете да прочитате на следниот ЛИНК.