Исландскиот авиопревозник Icelandair започна нова онлајн кампања насловена „The Polite Bouncer“ („Учтивиот избацивач“). Кампањата ги истакнува придобивките од уникатната понуда на Icelandair, која на клиентите им овозможува да резервираат попатна посета на Исланд додека патуваат помеѓу европските и северноамериканските дестинации.
Новата хумористична кампања во документарен стил се фоксуира на животот на Хуги, човек кој наводно работи како учтив „избацивач“ за Icelandair. Неговата задача е да се погрижи туристите да не го пречекорат својот престој во Исланд и на тој начин да не го пропуштат летот за нивната крајна дестинација. Но, поради љубовта на гостите кон Исланд, ова е полесно да се каже отколку да се направи.
Хумористичната кампања претставува следната фаза во глобалната бренд платформа на Icelandair насловена “Easy to stop, hard to leave” („Лесно да се застане, тешко да се напушти“), која беше претставена на почетокот на оваа година.
Компанијата започнала да им нуди на своите клиенти опција да резервираат попатна посета на Исланд уште од 1960-те година, добивајќи на значителна популарност во раните 2000-ти. Со оваа понуда, патниците може да застанат во Исланд без дополнителни авионски трошоци додека го преминуваат Атлантикот, давајќи му на Icelandair можност да допре до публиката која е подготвена да доживее нешто невообичаено како дел од нивното патување.
Кампањата се реализира во соработка со агенцијата за социјални медиуми Kubbco и креативната агенција Hvíta Húsið.