(РЕГИОН) – Здружението за деловни комуникации на Србија го објави Конкурсот за традиционалните годишни признанија на најуспешни агенции, компании и поединци за остварени кампањи во струката во текот на 2016 година
Оваа година во Здружението UEPS, врз основа на искуствените сознанија од претходните конкурси и сугестии добиени од членовите, ги редефинираа категориите, прилагодувајќи ги на актуелните трендови и потреби на оние кои ги создаваат. Наградите се доделуваат во 18 категории, со поткатегории, а ги добиваат организации, компании, институции и агенции за најквалитетни и најкреативни решенија во изминатата година. Врз основа на искуството од претходните години, според кое работата во тешки услови произведува изобилство на креативни решенија, се очекува мноштво од квалитетни кампањи.
Покрај наградите во категориите, жирито оваа година ќе додели и специјални признанија за: најдобар copy, најдобра арт дирекција, режија, компонирана музика, продукција, а врз основа на вкупната успешност на конкурсот се преогласува и Агенција и Огласувач на годината.
UEPS доделува и награда за животно дело, престижно признание за најдобрите од најдобрите, за севкупниот професионален опус. Меѓу нив најугледни се имињата од домашниот адвертајзинг кои завземаат почесно место во 56 годишната долга историја на ова професионално задружение.
Доделувањето на престижните признанија (меѓу кои се Наградата за животно дело, наградата Драган Сакан, како и признанијата за најквалитетни креативни решенија од различни области на маркетиг активностите), како и претходните години, ќе бидат врачени на свеченоста по повод Деновите на UEPS.
Пријавите на кампањите се примаат најдоцна до 2 декември 2016 година.
Условите за конкурсот, пропозициите и категориите, како и пријавниот формулар, можете да ги погледнете на www.ueps.org.rs.