Долги години украинскиот бренд за бонбони Trufalie го промовираше својот производ како „нежни женски бонбони“. Меѓутоа, во последно време, брендот го загубил вниманието кај жените, што значеше дека е време за ребрендирање.
Брендот, со помош на креативната агенција Michurin, тргнал од идејата дека луѓето особено го посакуваат она што не е со намера создадено за нив, односно – „туѓото е послатко“. Начинот на кој Trufalie се одлучиле да го вратат вниманието на жените е всушност ако создадат бренд насочен кон мажите.
Во оваа одлука биле дополнително охрабрени од фактот што ниду еден бренд за бомбони во Украина не ја насочувал својата комуникација специфично кон машката популација. Па, така бил роден и новиот слоган – „Trufalie е Тој“.
Дали оваа тактика на Trufalie за машки бонбони кои ќе ги привлечат жените ќе вроди со плод, проценете сами и останува да покаже времето.