Инсталацијата се наоѓа на популарно место за собирање во Лондон, округот Брик Лејн
Компанијата Стела Артоис создаде огромно уметничко дело, со димензии 28 × 14 метри, во срцето на популарното лондонско собиралиште Брик Лејн. Геометриските форми и контрасните бои не се само убави, туку и им покажуваат на луѓето каде да седат за да се придржуваат кон мерките за социјално дистанцирање.
Пабовите во Англија добија дозвола да ги отворат своите врати овој викенд, за прв пат после карантинот. Како резултат на олеснување на мерките, кои им овозможуваат на пабовите и рестораните да продаваат храна и пијалоци “за носење“, многу луѓе јадат и пијат на отворено.
Ова уметничко дело е направено со комбинација на кругови и линии, со силни, контрастни бои кои илустрираат жена која наздравува со пиво.
Луѓето можат да седат во круговите и да бидат далеку едни од други без физички бариери.
За идејата е заслужен тимот на Studia Number One, основан од уличниот уметник Шепард Фејри.
„Поради затворањето галериите и изложбите заради вонредната состојба, луѓето не можат да ја доживеат уметноста како претходно“, рече тој. „Мојот тим, во соработка со Стела Артоис, создаде уметност за социјално дистанцирање која е достапна за јавноста, но и се залага за безбедност при повторното собирање на луѓето“.
Но, Хемфри, директор за маркетинг во Стела Артоис Европа, додаде: „Социјалното дистанцирање не мора да биде антисоцијално за да бидете сигурни. Ние ја користиме уметноста за повторно обединување на луѓето, но на безбеден начин, наместо да користиме бариери за да ги разеднинме. Со уличната уметност, можеме да уживаме што повторно сме заедно, а при тоа да останеме безбедни “.