Агенциската мрежа UM, дел од IPG Mediabrands, ја назначи Сузан Кингстон-Браун за нов претседател за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка.
Сузан доаѓа на местото на Крис Скинер, кој во IPG Mediabrands поминал повеќе од 17 години на различни високи позиции. Тој прв пат се приклучил на групацијата во 2007 година, како извршен директор на UM во Хонг Конг, пред потоа да стане извршен директор на UM за Блискиот Исток и Северна Африка во 2013 година. Тој стана претседател на UM за поширокиот регион на Европа, Блискиот Исток и Африка во 2017 година, како член на глобалниот лидерски тим на UM и извршниот тим на IPG Mediabrands.
Неговата наследничка на претседателската функција, Сузан Кингстон-Браун, претходно ја извршуваше функцијата извршен директор на одделот за услуги за меѓународни клиенти на UM (со седиште во Лондон) и на глобално ниво беше задолжена за водење на деловните релации со производителот на електроника Dyson.
Во нејзината претходна улога, таа била клучна во воспоставувањето на партнерството на UM со Dyson на глобално ниво и ќе продолжи да има извршен надзор врз тој договор и како претседателка на агенциската мрежа во Европа, Блискиот Исток и Африка.