Глобалната медиска агенциска мрежа UM, дел од IPG Mediabrands, вчера го соопшти назначувањето на Саша Савиќ за глобален генерален извршен директор. Савиќ ќе ја постави визијата за глобалниот раст на агенцијата додека ги надгледува стратегијата, продуктите, операциите и управувањето со клиентите, вклучувајќи ги American Express, Honda, Johnson & Johnson, Levi Strauss & Co., Nestlé и Sony, меѓу останатите. За својата работа тој ќе одговара директно пред извршната директорка на Mediabrands Global, Ајлин Кирнан.
„Истраен и динамичен лидер кој длабоко се грижи за луѓето, клиентите и заедницата, Саша е совршен градител на односи кој придонесе кон значителни резултати за некои од најпознатите светски брендови. Неговата љубов кон бизнисот ја надополнува нашата силна глобална култура водена од вредности, а неговата волја за победа и посветеност на извонредноста ќе го надополнат начинот на кој се позиционираме на пазарот и пред нашите клиенти. Возбудени сме што му посакуваме повторно добредојде во семејството на IPG“ – изјави Ајлин Кирнан по повод назначувањето на Саша Савиќ.
Како глобален извршен директор, Савик ќе ја галванизира заедницата на UM околу развојно-ориентиран мајндсет, искористувајќи ги водечките способности за анализа на податоци на агенцијата за да ја оптимизира и енергизира својата пазарна стратегија. Познат по неговата ефикасност во градењето инклузивни и меѓуповрзани култури на работното место, тој ќе биде составен дел од унапредувањето на посветеноста на UM кон диверзитетот, пазарната рамноправност, медиската одговорност и одржливоста.
„Улогата на медиумите е безвременска, а јас сум возбуден што ќе се приклучам на глобалниот лидерски тим во UM – како неприкосновен лидер во отклучувањето на моќта на податоците за унапредување на брендовите, нивните цели и долговечноста. Градењето врски е она што ме поттикнува – од зајакнување на заедницата, до партнерство со клиенти, до поврзување на потребите на потрошувачите со целта и вредноста на брендот. Со нетрпение очекувам да ги обединам содржините, податоците и значењето на брендовите за да создадам одржлив, долгорочен раст во UM, каде што првично ги учев моите медиски вештини и се заљубив во оваа индустрија“ – посочи Саша Савиќ.
Неодамна, Савиќ беше глобален генерален директор за иновации во EssenceMediacom, а пред тоа беше извршен директор за американскиот пазар речиси една деценија. Неговото лидерство резултираше со девет последователни години на раст, по што беше и признат од страна на магазинот Adweek како извршен директор на годината во САД за 2021 година. Со тридецениско искуство во медиската сфера, тој имаше и високи лидерски улоги во McCann New York и UM, предводејќи медиски кампањи за брендови како Procter & Gamble, Microsoft, Intel и Mastercard.
Савиќ бил член на жирито на Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions, на Effie Awards и на Brand Film Festival. Во 2019 година, тој го предводеше лансирањето на коалицијата New Majority Ready™ (NMR), движење чија цел е да им помогне на брендовите да се ангажираат со мултикултурната публика и да го постават диверзитетот во преден план на нивните стратегии. Тој е исто така член на Медискиот лидерски совет 4As и ги поддржува еколошките иницијативи за одржливос преку учество во NASF и ASF во Северна Америка.