Луиз Овен, поранешна директорка за перформанс маректинг во консултантската агенција за електронска трговија Astound Digital, им се приклучи на UM како прв генерален директор за перформанси.
Улогата е создадена од IPG Mediabrands како одговор на зголемената потреба за дигитална трансформација кај огласувачите, која е поттикната од порастот на вештачката интелигенција и темпото на промени во сферата на податоците и технологијата.
Обврската на Овен ќе биде да изгради мост помеѓу податоците, вештачката интелигенција и медиумските перформанси на UM и агенцијата за перформанс маркетинг Kinesso.
Овен ќе биде базирана во канцеларијата на UM во Лондон, но ќе работи и за клиенти на меѓународно ниво. За своите активности ќе се координира со извршната директорка на UM во Обединетото Кралство, Кара Озборн, и со извршната директорка на Kinesso, Клои Хокинг.
„Како што преминуваме од ера на податоци во ера на интелигенција, длабокото разбирање на податоците и технологијата – што функционира, а што не – е најважно за деловниот успех на нашите клиенти. Оваа нова улога ќе ни овозможи вистински да ја искористиме огромната способност за перформанси што ја имаме во рамките на UM, Kinesso и пошироката групација на IPG Mediabrands, со цел да преземеме поиновативни и повлијателни дигитални решенија за нашите клиенти“ – истакнува Кара Озборн по повод назначувањето на Луиз Овен.