Одбележан четвртиот по ред светски Impact Day (Ден на влијанието) во организација на глобалната агенциска мрежа UM посветен на солидарноста
Вработените во преку 50 земји во кои работи глобалната агенциска мрежа UM го одбележаа Impact Day (Денот на влијанието), демонстрирајќи заедништво и солидарност со споделувањето на своите активности на социјалните мрежи преку хаштаговите #UMImpactDay и #UMBetterWorld. Како и минатата година, и овој UM Impact Day се одржува виртуелно поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Новитет е тоа што оваа манифестација по прв пат се одбележува во текот на два дена, и тоа во четврток на 22 и 28 јули. Организаторите пред сé ја имаа предвид инклузивноста и прлагодливоста во одбележувањето на Impact Day спрема професионалните, приватните, семејните, верските и други обврски на вработените, поаѓајќи од тоа дека флексибилноста во текот на пандемијата се покажа како најефикасна и за постигнувањето на подобри резултати и за задоволството на вработените. Така, вработените во агенциите на UM кои работаат во рамки на I&F Grupa во Југоисточна Европа го одбележаа овој ден со активности на 22 јули.
„Бројни се проблемите со кои светот во кој живееме се соочува секој ден. Решавањето на овие предизвици бара заедничка работа – солидарност пред сé. Само со заедничка работа можеме да вршиме влијание во нашите заедници. Тоа можеби најдобро се покажа во последните година дена, кога покрај нашата одговорност за сопствената безбедност и безбедноста на другите, најмногу дојде до израз и нашата солидарност спрема другите. Поради тоа и главната тема на овој Impact Day е солидарноста. Ги повикавме нашите колеги да споделат на своите профили на социјалните мрежи што за нив значи солидарноста и во склад со тоа, по сопствен избор, да учествуваат во некаква акција,“ објасни Бранислава Цагронов, регионална директорка на агенцијата UM.
Impact Day беше започнат во 2016 година во рамки на општествено одговорната иницијатива на UM „Подобар свет“, со цел инспирирање на вработените и преземање на активности за промоција на две основни вредности: грижа и заедница, а сé поради создавање на подобат свет за сите нас. Поаѓајќи од овогодишната тема, на вработените во агенциите на UM им беше поставено прашање што тие можат да направат за другите, но и што можат да направат за себе поаѓајќи од темата солидарност.
Вработените на UM зедоа учество во различни индивидуални акции, посветувајќи си на себе часови по јога, посета на своите постари родители, донирање на книги, облека и други предмети на разни хуманитарни организации итн… Исто така, светски познатиот животен тренер Тами Фолдс од Inner Travel Coaching одржа и ќе одржи 20-минутна сесија на водена медитација за вработените на UM во текот на двата дена, симболично овозможувајќи ѝ на UM заедницата виртуелно да се „сообере на едно место“.