Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите Нации (УНЕСКО) е основана веднаш по завршувањето на Втората Светска Војна со цел да придонесе во градењето на нов, подобар и обединет свет. Бидејќи војните и конфликтите започнуваат во умовите на луѓето, умовите се тие кои треба и да го изградат подобриот свет – посочуваа уште тогаш основачите на организацијата. Нивната идеја е сé уште релевантна денес, како што нациите излегуваат од глобалната криза на Ковид-19, која ги доведе во прашање нашите приоритети, начинот на живот и функционирањето на нашите општества.
Луѓето ширум светот покажаа солидарсност за време на пандемијата и покажаа како соработката може да придонесе за подобра иднина. Но, како што ситуацијата во одредени држави се смирува, луѓето како да заборавија на поуките и брзаат да се „вратат во нормала“, заборавајќи на негативното влијание кое она што го сметавме за нормално го има врз животната средина, економијата, јавното здравје и општеството.
УНЕСКО лансираше нова глобална кампања, насловена „The Next Normal“, со која ја предизвикува нашата идеја и перцепција за она што е „нормала“. Две и пол минутниот филм не се базира врз комплицирани аргументи за да ја докаже својата поента, туку на едноставен начиин презентира фактички информации за светот пред и за време на пандемијата. Комбинирани заедно, овие информации ги повикуваат гледачите да за запрашаат во однос на сопствената идеја за тоа што е нормално, посочувајќи дека сме го прифаќале неприфатливото веќе премногу долго. УНЕСКО истакнува дека нашата претходна реалност повеќе не може да биде прифатена како нормална и дека сега е време за промени.
Новата кампања на УНЕСКО е создадена со помош на креативната агенција DDB Paris.