UNICEF во Канада ја лансираше „Право на детство“ (“The Right to a Childhood”) – нова кампања која се залага за заштита на детските права и ги предизвикува граѓаните да ги поддржат глобалните напори во обезбедувањето на безбедна околина за раст и развој на сите деца во светот.
Кампањата беше развиена во соработка со креативната агенција Juniper Park\TBWA и вклучува телевизиски, out-of-home и онлајн содржини.
Пред 30 години, Обединетите Нации ја донесоа „Конвенцијата за правата на детето“ која до ден денес ја претставува основата за работа на UNICEF – човечки права за секое дете, секаде.
Кампањата нагласува многу од правата пропишани во „Конвенцијата за правата на детето“ и ги поддржува основните пет столбови на UNICEF дека секое дете има право на чиста вода, образование, храна, живеалиште и заштита. Но, кампањата исто така истакнува дека секое дете има право да трча низ прскалки, да прочита книга која може да го смени неговиот живот, да сака да јаде или да не јаде заленчук, да биде утешено со прегратка и да си игра надвор без страв. Ова се слободите кои им овозможуваат на децата да бидат деца.