Британската мултинационална компанија за производи за широка потрошувачка, Unilever, одлучи да го консолидира креативното портфолио на своите брендови за убавина и нега со агенциската групација WPP – пренесува адвертајзинг магазинот Campaign.
Консолидацијата значи дека WPP ќе ја преземе одговорноста за развој и имплементација на креативни кампањи за брендовите Dove, Clear, TreSemmé, Sunsilk, Simple, Nexxus, Shea Moisture, Clear, Pond’s и Vaseline на глобално ниво.
Претходно, креативното портфолио на Unilever беше поделено на повеќе различни агенции и агенциски групации.
Во моментов, Unilever активно спроведува и ревизија на својот глобален договор за медиско планирање и закуп.