Унилевер лансираше прототип на шише за детергент од хартија, кое прво ќе се појави во Бразил следната година, а потоа и на другите пазари низ целиот свет. Шишето ќе се користи за брендот Omo, кој е познат на другите пазари и како Persil, Skip и Breeze.
Производот е развиен во партнерство со конзорциумот Пулпекс.
Шишето е направено од пулпа добиена од одржливи извори, објави Унилевер. Внатре е испрскано со специјален спреј со соодветен слој кој одбива вода, што го прави погоден за течни производи. Дизајнирано е така што може да се рециклира во обичен отпад од хартија.
Унилевер соопшти дека е во потрага по слична технологија за шишиња за шампон.
Како што истакнаа од компанијата, создавањето на амбалажа врз основа на хартија што може да се рециклира без употреба на дополнителни пластични слоеви е огромен предизвик. Компанијата нè потсетува дека мора целосно да го промениме начинот на кој ги дизајнираме и пакуваме производите доколку сакаме да се справиме со пластичниот отпад. Ова бара драстична промена што може да се постигне само преку широка соработка во индустријата.
Неодамна, Унилевер најави амбалажа за паста за заби што може да се рециклира, како и капсули за перење алишта направени од емисии на јаглерод.