Американскиот авиопревозник United Airlines ја лансираше својата прва голема кампања по 2013 година, ставајќи го фокусот на своите вработени.
Кампањата насловена “The Good Leads The Way” („Доброто го води патот“) ги нагласува сите придонеси кои авиопревозникот ги има направено во однос на корисничките улуги, диверзитетот и одржливоста, претставувајќи се себе како „сила за добро“.
„Како што индустријата излегува од пандемијата, ние влегуваме во историска нова ера на комерцијалните патувања, што го прави ова вистинско време да ја објавиме нашата амбициозна кампања „Доброто го води патот““, посочи Џош Ернест, главен директор за комуникации на United Airlines.
Кампањата се состои од серија на видео спотови, составени како колаж од слики и видео-клипови од вработени и патници, додека паралелно ја раскажува мисијата на авиопревозникот за правење добро – не само во неговите авиони, туку и низ целиот свет.
„Преземаме активности кои инспирираат гордост кај нашите вработени и клиенти – од историски инвестиции за борба против климатските промени и обука на повеќе жени и луѓе со различна боја на кожата да станат пилоти, до ослободување од надоместоците за презакажување на летови и надградба на нашата флота со 500 нови авиони“ – изјави генералниот извршрн директор на United Airlines, Скот Кирби.
Спотовите ќе бидат емитувани во самите авиони, на аеродромите, како и на телевизиските канали во САД. Тие дополнително ќе бидат поткрепени со out-of-home и дигитални реклами на земјата.
Кампањата се реализира со помош на огласувачката агенција 72andSunny.