Регионалната медиумска групација United Group го купи бугарскиот онлајн телевизискиот провајдер Elemental.TV, со цел понатамошен развој на директните онлајн услуги на групацијата, пренесува бугарскиот бизнис магазин „Капитал“.
Аквизицијата е завршена и нема потреба од регулаторно одобрение, бидејќи приходите на купената компанија Elemental.TV се под границата од 3 милиони лева потребна за известување до Комисијата за заштита на конкуренцијата. Приходите на бугарската компанија за 2023 година изнесувале 2.1 милиони лева, а цената и условите на договорот не се објавени.
Приходите на телекомуникациските компании на United Group во Бугарија, вклучувајќи ги Vivacom и Bulsatcom, во 2023 година изнесувале 1.27 милијарди лева.
Vivacom целосно се стекна со Bulsatcom оваа година по долгогодишна борба и против волјата на другите два големи оператори во државата, A1 Bulgaria и Yettel, како и на дел од менаџментот на Bulsatcom.