Еден од водечките провајдери на телекомуникациски и медиумски услуги во Југоисточна Европа, United Group, успешно ја комплетираше аквизицијата на Bulsatcom, провајдер на директна сателитска телевизија и широкопојасен интернет во Бугарија.
Аквизицијата е дел од долгорочната стратегија на United Group за проширување и зајакнување на своето присуство на пазарот во регионот и поттикнување на иновациите кон дигитално поврзано општество.
„Многу сме среќни што успешно го завршивме купувањето на Bulsatcom. Овој чекор ќе ни овозможи дополнително да растеме на овој важен пазар и да ги забрзаме иновациите во регионот. Оваа аквизиција го надополнува нашето портфолио и носи дополнителни придобивки за постоечките и идните корисници во Бугарија“ – изјави Викторија Боклаг, извршна директорка на United Group.
„Успешното комплетирање на аквизицијата на Bulsatcom е добра вест за потрошувачите на еден високо фрагментиран пазар каков што е случајот со Бугарија. Ќе можеме значително да го подобриме квалитетот на телевизиската услуга за корисниците на Bulsatcom. Ова за нив значи повеќе HD канали и пристап до над 30.000 наслови во видеотеката на EON, водечката телевизиска платформа во Југоисточна Европа. Исто така, значително ќе се зголеми квалитетот на интернет услугата во однос на брзината на преземање и испраќање податоци“ – изјави Николај Андреев, извршен директор на Vivacom и Bulsatcom.
United Group влезе на бугарскиот пазар во 2020 година, со аквизицијата на Vivacom. Оттогаш, Групацијата презеде неколку значајни чекори за да го зајакне своето присуство и да ги предводи иновациите на пазарот. Меѓу достигнувањата на United Group се развојот на најголемата 5G мрежа во земјата и лансирањето на првиот мрежен систем со оптички влакна од 10 GIGA. United Group, исто така, на бугарските корисници им ги обезбеди првите неограничени тарифни пакети за 5G и пристап до наградуваната EON TV платформа.