United Group од 2004 година е инвестициски партнер на Европската Банка за обнова и развој. Во план на групата за наредниот период се нов инвестиции во регионот
ЕБОР ја поддржа најавата на United Group (SBB, Telemach, Total TV) во наредните 5 години да инвестира повеќе од 600 милиони евра во Југоисточна Европа. United Group, која е еден од водечките кабелски оператори во обезбедувањето на телевизија, интернет, фиксна и мобилна телефонија во Југоисточна Европа, настана од една мала компанија која е основана во 2000 година од страна на Драган Шолак. Овие средства ќе ги инвестира во развој на локалната инфраструктура, создавање на нови работни места и отворање на нови деловни можности.
Претседателот на ЕБОР, Сер Сума Чакрабарти Сер како домаќин на годишниот состанок и бизнис форум на ЕБОР во 2018 година во Јордан, се сретна со претседателот на Управниот одбор на United Group, Драган Шолак, со кого разговаравле за поттикнување на економскиот раст во регионот.
На заедничката панел дискусија со највисокото раководство на United Group, како дел од годишниот состанок, Алан Пилу, потпретседател на банкарските операции на ЕБОР, изјави: “Нашата соработка со United Group претставува вистинска приказна за успех. Нашата заедничка посветеност кон регионот и досегашните резултати ни даваат доверба за успех и во иднина, особено затоа што United Group продолжува да инвестира во регионот “.
Драган Шолак во оваа прилика изјави: “Во текот на 14 години изградивме однос на доверба со ЕБОР, чија поддршка е од непроценливо значење и помогна United Group да постигне големи резултати и да го поддржи поширокиот економски успех во регионот.”
ЕБОР е еден од клучните инвеститори во Југоисточна Европа, секоја година со околу една милијарда евра нови проекти. Поддржувањето на регионалната интеграција преку инвестирање во инфраструктура и фокусирање на поврзаноста се меѓу приоритетите на Банката во поттикнувањето на економскиот развој и животниот стандард.
- United Group е водечки кабелски оператор во обезбедувањето на услуги за телевизија, интернет, фиксни и мобилни телефони во Југоисточна Европа.
- United Group е еден од најголемите регионални работодавци со повеќе од 3.400 вработени.
- United Group континуирано придонесува за поврзување на регионот благодарение на својата мрежа на повеќе од 15.000 километри оптички кабли со кои опфаќа 1.77 милиони домаќинства и повеќе од 50.000 бизнис корисници.