United Group, водечка телекомуникациска и медиумска компанија во Југоисточна Европа, продолжува да инвестира и заедно со меѓународната медиумска компанија Viasat World, инвестираше 6,7 милиони фунти во глобалната стриминг платформа за уметност Marquee TV, достапна во повеќе од 100 земји.
United Group, во чии рамки работи компанијата SBB и нејзините сервиси EON и Total TV, а медиумски содржини објавуваат телевизиите и порталите N1, Nova S и Sport Klub, објави дека инвестирала во „Нетфликс за уметност“ со најбогата понуда на балет, опера, театарски претстави, класична музика и документарни филмови.
Само во сезоната есен/зима 2021 година, Marquee TV прикажува повеќе од 50 нови претстави со водечките светски оркестри, оперски и танцови трупи, најталентираните изведувачи, вклучувајќи и ексклузивни филмови и билети за концерти благодарение на долгогодишното партнерство со Лондонската филхармонија, Шкотскиот балет и Танцов филмски фестивал во Сан Франциско. Тука се и ексклузивните содржини како Театро ала Скала и Театро Реал, како и бројните колекции на Австралиската опера и балет.
„Воодушевени сме што не еден, туку два брилијантни стратешки инвеститори инвестираа во нашата платформа. United Group и Viasat World се компании кои разбираат што е потребно за да се успее на денешниот пазар на дигитални медиуми. Со нивната поддршка, уверен сум дека можеме да ја забрзаме нашата визија да го приближиме неверојатниот дар на уметникот до онлајн публиката ширум светот“, рече ко-основачот и извршен директор на Marquee TV, Сајмон Вокер.
За време на пандемијата, Marquee TV се профилираше како задолжителна апликација за љубителите на културата и партнер на уметничките организации. Истражувањата покажуваат дека 60% од публиката стекнала навика да гледа претстави онлајн, а иако театрите сега се отворени, 90% од нив ја задржале таа навика.
„Уметноста и културата создаваат исклучителни глобални содржини, а Marquee TV изгради бренд што може да ја искористи оваа можност на секој голем пазар. Задоволни сме што соработуваме со Сајмон и неговиот тим за да и` понудиме дополнителна вредност на публиката бидејќи досега не и е посветено доволно внимание на уметничката публика“, изјави Викторија Боклаг, извршен директор на United Group.
Специјализираните стриминг платформи пораснаа двојно побрзо од масовните преноси во последните две години, а со оглед на тоа што се предвидува дека стриминг сервисите ќе заработат 100 милијарди фунти до 2025 година и дека уметничкиот сектор штотуку ја започнува својата дигитална транзиција, Marquee TV е совршено позиционирана во двата аспекти.
Лансирана во 2018 година, Marquee TV сега е достапна како мобилна апликација и на водечките светски ТВ платформи, со мисија да ја поврзе публиката од целиот свет со уметноста и културата каде и да се наоѓаат. Новата инвестиција треба да овозможи воведување на Marquee TV на нови пазари, нови функционалности и уште подобра понуда на оригинални и ексклузивни содржини, особено оние кои ги поддржуваат највпечатливите нови таленти, како врвен сојузник на уметноста.