Медиумската групација United Media лансираше нов политички неделник во Србија, насловен „Радар“, кој ќе се објавува секој четврток, а на публиката ќе ѝ биде достапен и преку дигитално издание на radar.rs.
Тим од искусни новинари, предводени од главната уредничка Весна Малишиќ, на читателите ќе им донесе истражувачки стории, анализи на политички и социо-економски настани во Србија и светот, како и интервјуа со интересни личности кои имаат што да кажат. Неделникот „Радар“ ќе ги осветлува и открива социјалните аномалии и економските митови, критички ќе го анализира културниот спектар, креативните процеси и културните политики. Целосно независен од секакви притисоци, новиот неделник е наменет за поединци кои пред сè го ценат квалитетот.
Тимот го сочинуваат докажани и храбри новинари со интегритет, кои докажале дека се имуни на секаков притисок или закани и кои во текот на својата богата кариера повеќепати биле наградувани за својата работа. На јавноста ѝ се познати како одлични новинари чиј стил на пишување е јасно препознатлив и на кои може да им се верува. Покрај Весна Малишиќ, уредничкиот колегиум го сочинуваат Милан Ќулибрк, Драган Јовиќевиќ и Зоран Прерадовиќ. За „Радар“ ќе пишуваат: Вук З. Цвијиќ, Вера Дидановиќ, Марко Ловриќ, Владан Марјановиќ, Драгана Николетиќ, Лука Петрушиќ, Сандра Петрушиќ, Милан Радоњиќ, Стефан Славковиќ, Радмила Станковиќ и Миќа Вујичиќ.
„Исклучително ми е драго што овие одлични професионалци станаа дел од компанијата United Media. Тие со својата досегашна работа покажаа како се работи професионално и како им се одолева на сите притисоци во одбрана на вистинското новинарство. На читателите ќе им понудиме неделен магазин што иницира и наметнува важни теми, што истражува, го анализира контекстот и отвора простор за дијалог во општеството. Сериозен магазин и веб-портал што ги почитува највисоките стандарди на професијата и не подлегнува на сензационализмот“ – изјави извршната директорка на United Media, Александра Суботиќ.
„Секој почеток е секогаш возбудлив, но сепак, одамна не сум почувствувала таков ентузијазам на новинари и уредници и радост кога печатницата ги ставила на лента првите примероци од неделникот. Убедена сум дека „Радар“ ќе биде сигурен сојузник на јавноста на кој му се верува и кој ја враќа силата и авторитетот на новинарскиот збор. Имаме амбиција да ги подигнеме стандардите на објективно, храбро, критичко и високо професионално новинарство, а должни сме да го сториме тоа со огромната поддршка од јавноста што ја добивме додека го подготвувавме неделникот „Радар““ – истакна главната уредничка Весна Малишиќ.
Редовни колумнисти на новиот неделник ќе бидат Саша Илиќ, Даница Поповиќ, Предраг Пеца Поповиќ и Драган Великиќ, а читателите во секој број ќе уживаат во карикатурите на ненадминатиот Душан Петричиќ.
United Media во своето портфолио вклучува повеќе од 120 медиуми: 60 телевизиски станици, 40 портали како и радио станици и печатени публикации. Работи во осум земји и вработува 4.200 луѓе.