United Media, една од водечките компании во југоисточна Европа, соопшти дека потпишала писмо со намера да откупи 51% од црногорската медиумска групација “Vijesti” составена од весник, портал и телевизија.
Ова е голема и значајна вест за сите вработени во Vijesti, за гледачите и читателите на оваа медиумска куќа, но и за сите оние што одблиску ги следат случувањата со медиумските слободи во регионот и Европа.
Според писмото со намери, United Media, како нов акционер, се обрвзува да ја почитува и штити уредничката независност и автономија на Vijesti. Главниот уредник и понатаму ќе биде избиран на предлог од локалните ко-сопственици, како и Media Development Investment Fund (MDIF) инвестицискиот фонд од Њујорк кој ја подржува слободата на медиумот и кој од самото основање е малцински сопственик во Vijesti.
“Системот Vijesti, со сите три платформи е речиси деценија и пол изложен и од монополистите и од националистите, на егзестенционална закана заради својата посветеност кон слободата на изразување и професионалното новинарство. Во партнерскиот однос со United Media влегуваме со убедување дека тоа ќе овозможи дополнителна сила на нашите медиуми, бидејќи либералните вредности и новинарството кое го карактеризира системот Vijesti се сместува во поширок простор лојален на тие вредности” – вели проф.др Миодраг Перовиќ, еден од основачите на Vijesti.
United Media е водечка медиска компанија во југоисточна европа, која работи во осум земји и во чие портфолио се наоѓаат 55 телевизиски канали, вклучувајќи ги и N1 и НоваТВ, дневните весниси меѓу кои се и Danas и Нова, како и неколку радио станици.
MDIF е непрофитен инвестициски фонд кој веќе 25 години ги подржува независните медиуми во регионот. MDIF има малцински удел во медиумите.