После шестмесечниот обемен тендерски процес, водечката светска козметичка компанија L`Oreal, за свој регионален медиски партнер ја избра агенцијата Universal Media (UM).
L`Oreal ја избра Универзал Медиа за медиски партнер за пазарите на кои L`Oreal Adria-Balkan работи, вклучувајќи ја тука и Македонија.
L`Oreal во периодот за избор на агенција бараше најадекватен партнер кој би продолжил да овозможува поддршка и подобрување на деловните резултати преку врвно планирање на комуникациите со најефективен план за закуп на медискиот простор. Главните критериуми при изборот на медискиот партнер се засноваа на агенциската стратешка експертиза и познавањето на потрошувачите и пазарот, овозможувањето на најдобри медиумски услови, мерливоста на резултатите, максимизирањето на исплатливоста на вложувањето, супериорното сервисирање на клиентите како и транспарентноста во работењето.
Агенцијата UM, уште еднаш, покажаа дека се доверлив и кредибилитетен партнер во планирањето и закупот на медиумскиот простор. Покрај UM, во тендерскиот процес беа уклучени уште и Zenith и Carat.
Бригита Стрелер (Brigitte Streller), генералната директорка на L’Oreal Adria и L’Oreal Balkan, по повод оваа соработка изјави: “L`Oreal е меѓу водечките инвеститори во сите земји од регионот а медиумите се клучниот елемент во нашите маркетинг планови, па секако дека сакаме тие да ја поддржат и во целост да одговараат на стратегијата на секој од нашите брендови. Во прилог на понатамошното унапредување и усогласување на нашиот медиски пристап организиравме регионален медиски тендер за сите земји од регионот Adria-Balkan во кои работиме и ја избравме агенцијата Universal Media (UM) која од 1 ви Јануари оваа годија ќе биде регионален медиску партнер за сите L`Oreal брендови. Менаџментот на L`Oreal беше импресиониран од медиската презентација на UM-a, ако и понудените алатки и истражувачки инструменти. Се радуваме на идната соработка која веруваме дека ќе биде многу успешна “
Биљана Колаковиќ (Biljana Kolakovic), регионалната директорка на Универзал Медиа додаде : “Задоволство ни е што долгогодишната соработка помеѓу компаниите L`Oreal Adria-Balkan и агенцијата Universal Media е проширена, покрај Србија и на други пазари. Процедурата за избор на агенција беше обемна и бараше исклучително познавање и разбирање на работата на клиентот, медиумската сцена и потрошувачите. Нашата сила при овој избор се огледа во единствените алатки за оптимизација на медиските инвестиции кои ги применуваме на секој пазар, како и регионалното планирање на медиумските буџети. Исто така, заедничкото функционирање на нашите тимови во регионот, како да се еден тим, јасно покажува на клиентите дека сме вистински партнер за Адриа-Балкан регионот.“
L`Oreal е светски лидер во козметиката, синоним за убавина, иновација и квалитет. Мисија на компанијата е на жените и мажите ширум светот им се понудат најдобрите козметички производи во поглед на квалитетот, ефикасноста и безбедноста имајќи ја на ум разновидноста на потребите и желбите на потрошувачите ширум светот.
На Балканот, L`Oreal Adria-Balkan, работи во четири сектори и е застапен со повеќе брендови меѓу кои покрај L`Oreal Paris и брендовите Garnier, Maybelline New York, Mixa, Essie, Lancome, Giorgio Armani, Yves Saint Laurent, Biotherm, Cacharel, Diesel и др.