Модните марки можат да постигнат подобрен ангажман и лојалност од потрошувачите со користење на технологии како што се Bluetooth и мобилни апликации, со претворање на секое парче облека во дигитална компонента. Токму овој пристап е тестиран од Томи Хилфигер, како што наведува WARC во својот извештај.
Во проектот кој започна минатата година, секое парче облека од серијата Tommy Jeans Xplore, од маички до јакни и здолништа, имаше уникатна “паметна” етикета, која на купувачите им овозможуваше да собираат наградни поени со едноставно носење на производот. Етикетите се опремени со Bluetooth технологија, која овозможува пренос на податоци на кратки растојанија, а може да се “спојат” со брендираната апликација за паметни телефони со која носителот на предметот се вклучува во наградна програма која нуди бенефиции како што се билети за концерти и слично.
Компанијата Awear Solutions ги разви овие етикети и соработуваше со Томи Хилфигер за оваа програма. Лорон Слонимски, извршен директор и ко-основач на Awear, тврди дека оваа стратегија претставува нова можност за анимација на купувачите по купувањето.
“Оние купувачи кои ги купија овие брендови и со гордост ги носат овие логоа треба да бидат наградени”, изјави таа на церемонијата на CES оваа година. “Значи, колку повеќе го носите вашиот предмет, толку повеќе поени ќе добиете, а со тоа и подобри награди – и тоа не само затоа што ги носите, туку и затоа што ги носите на различни места за да се зголеми видливоста на брендот.”
Пошироката потенцијална корист за маркетерите може да вклучи градење на лични односи со клиентите и поттикнување на долгорочни односи со редовните клиенти.
Во компанијата Awear веруваат дека ова решение може да обезбеди одговор на неколку проблеми со кои се соочуваат брендовите, од зголемување на лојалноста до тестирање на нови производи и сегментирање на купувачите преку разбирање на нивното вистинско користење на производите.
Исто така, на овој начин, брендовите можеа да привлечат верни клиенти на одредено место во одредено време со користење на апликација поврзана со облеката.
Според Алис Лихт, стратешки консултант на Awear Solutions, ако луѓето носат некој предмет, можете да ги “убедите да одат во ист бар, на ист настан или во некој вид ВИП-салон”.
“Замислете дека сте бренд и сакате луѓето да дојдат во Coachelle носејќи го вашето лого. Всушност можете да мобилизирате ваша војска на потрошувачи во реално време, со цел да се појават на таков еден настан, носејќи го вашиот бренд и можете да им дадете поттик да го направат тоа. “
извор: WARC